Се уште не се знае каде точно ќе паднат остатоците од големата кинеска ракета, Италија со предупредување за граѓаните

by Fokus

Остатоците од кинеска ракета се очекува да паднат назад на Земјата викендов и експертите се обидуваат да дознаат точно кога и каде ќе се случи тоа. Ракетата „Лонг Марч 5Б“ беше лансирана на 29 април од центарот за вселенски лансирања Венчанг во Кина и нејзината мисија беше да однесе во орбитата модул за идната кинеска вселенска станица.

Но, откако ја заврши мисијата, телото на ракетата сега кружи околу Земјата и наскоро ќе навлезе во пониската атмосфера. Неконтролираната природа на паѓањето предизвика загриженост кај експертите околу потенцијалниот удар кога ќе слета. Делот од ракетата кој ќе слета тежи 21 тон.

Од италијанската цивилна заштита ги предупредиле жителите на јужниот регион вечерва да останат во затворени простории, поради можност остатоци од кинескиот сателит да паднат на нивна територија.

Според зборовите на директорот на Цивилната заштита, Фабрицио Курч, постои мала веројатност делови од сателитот да паднат и да оштетат згради, но во секој случај советуваат околу 2 часот по полноќ на 9. мај останат зад затворени врати.

Како што е веќе соопштено, остатоци од кинескиот сателит кој е во орбитата без контрола со центарот на Земјата, треба да паднат, според процените на кинеските стручњаци некаде во море, но постои и мала веројатност за завршат каде што е планирано.

Американските научници од компанијата „Ероспејс корпорејшн“ синоќа објавија дека според нивните предвидувања, ракетата треба да слета во недела во 6.19 часот по македонско време, но со отстапка од плус или минус 8 часа. Исто така, тие сметаат дека ракетата ќе падне близу Нов Зеланд, но додаваат дека слетувањето сепак може да биде каде било ширум големи делови од планетата.

Поврзани новости