СЗО го предупреди светот: Епидемија на ебола во Конго!

by Fokus

Смртоносниот вирус на еболата продолжува да се шири, појавувајќи се во град со двамилиони жители во Демократска Република Конго. Светската здравствена организација објави ретко користено предупредување до целиот свет.

Ова е петто вакво прогласување во историјата. Претходните вонредни состојби беа прогласени за катастрофалната појава на ебола од 2014-16 година во Западна Африка, во која загинаа повеќе од 11.000 луѓе, за појавата на зика во Америките, пандемијата на свински грип и искоренувањето на полио.

Поврзани новости