Јувентус го презентираше Де Лихт

by lali

Денеска италијанскиот шампион Јувентус го презентираше новото засилување, холандскиот талент Матијас Де Лихт. Трансферот изнесува сума од 75 милиони евра, а ,,старата дама” ќе ги отплаќа парите во период од пет финансиски години.

Ајакс може да добие дополнителни 10,5 милиони евра во форма на бонуси во зависност од постигнатите резултати. Договорот на Де Лихт со Јуве е до летото 2024 година.

Јувентус со сигурност е еден од победниците во овој трансфер период, обезбедувајќи ги потписите на повеќе квалитетни играчи. Новиот тренер Маурисио Сари има сериозен кадар на играчи со кои ќе може да располага.

Поврзани новости