Светската здравствена организација денеска предупреди дека стапките на вакцинација во Европа се уште се далеку од потребните за да се запре повторното ширење на коронавирусот и ги повика земјите да одржуваат заштитни мерки.
– Опфатот за вакцинација е далеку од доволен за да се заштити регионот. Треба уште многу да се помине пред да се достигне најмалку 80 отсто покриеност на возрасната популација, се уште е под знак прашање, изјави на прес-конференција Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Тој ги повика ги државите да избегнуваат повторување на „грешката“ од претходните бранови на епидемијата со Ковид-19.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ја поддржува целта на Г7 да се стави крај на пандемијата со Ковид-19 до 2022 година со засилување на кампањите за вакцинација. Во пресрет на тридневниот самит на лидерите на Г7 што ќе се одржи во Велика Британија од 11 до 13 јуни, фон дер Лајен ја истакна позицијата на Европа дека вакцинацијата во рамките на ЕУ треба да се одвива паралелно со извозот на вакцини во трети земји.
– Денеска имаме добри вести. Повеќе од 50 проценти од Европејците примиле барем една доза на вакцина, а 100 милиони од нив биле целосно вакцинирани, нагласи таа.