СЗО: Државите внимателно да ги отвораат границите

by Fokus

Сите држави треба да бидат крајно внимателни при повторното отворање на своите граници кога ќе почне да се намалува пандемијата со новиот коронавирус, изјави извршниот директор на Светска здравствена организација, Мајкл Риан.

Тој додаде дека при отворање на границите треба да се проценат ризиците и да се види кои земји имаат слична контрола над вирусот, како и дали постои доверба во спроведените мерки во другата држава.

– Мислам дека прво треба да се реши таа работа на субрегионално и регионално ниво, а потоа да се овозможат патувањата, но тоа бара внимателно управување со ризиците, посочи Риан.

Поврзани новости