518
Земјите кои се обидуваат да набават свои дози на вакцина потпишуваат договори со компании за лекови кои го загрозуваат снабдувањето на глобалната програма Ковакс за сиромашните и земјите со среден приход, соопшти денеска Светската здравствена организација.
-Земјите сe уште склучуваат договори што ќе го загрозат снабдувањето на Ковакс, без сомнение – рече високиот советник на СЗО, Брус Ајлвард.
Светската здравствена организација, еден од предводниците на програмата Ковакс за обезбедување вакцини за сиромашните земји, долго време ги повикува богатите земји да обезбедат фер дистрибуција на вакцините.