694
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Габриесус, денеска предупреди дека ситуацијата со пандемијата во светот се влошува.
-Иако заразата во Европа, се чини, се олабавува, две третини од новите случаи на Ковид-19 доаѓаат од 10 земји во Северна и Јужна Америка и Азија, изјави денеска Тедрос, пренесува лондонски Гардијан.
Тој предупреди дека опуштањето е најголемиот непријател на пандемијата и апелираше до сите земји во светот „активно да ја следат епидемиолошката состојба“.
-Без надзор и мерки за заштита можно е вирусот повторно да се прошири, предупреди директорот на СЗО.