Здравствената агенција на Обединетите нации денеска ги повика државите да ја запрат продажбата на живи животни заробени од дивината на пазарите со храна како итна мерка, со оценка дека дивите животни се водечки извор на појава на заразни болести како корона вирусот.
Светската здравствена организација, поддржана од клучни партнери, издаде ново упатство во кое се вели дека животните – особено дивите животни – „се извор на повеќе од 70 проценти од сите појавни заразни болести кај луѓето, од кои многу се предизвикани од нови вируси“.
Потеклото на коронавирусот пред повеќе од една година е извор на интензивни шпекулации, при што поголемиот дел се фокусираше на веројатноста дека бил носен од лилјаци и пренесен на луѓето преку посреднички вид што се продавал како храна или лекови на традиционалните кинески влажни пазари. Пандемијата првпат се појави во градот Вухан, Кина.