Што ќе се случи со Ерлинг Халанд?

by Fokus 11:19
11:19

Мино Рајола, агент на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, зборуваше за напредокот на преговорите за трансферот на играчот.

– Можам да потврдам дека имавме комуникација со Борусија. Мајкл Зорк јасно стави до знаење дека не сака да го продава Ерлинг ова лето. Јас го почитувам ова мислење, но тоа не значи дека се согласувам со него. Позицијата на Борусија е очигледна. Ова е нормално за нас. Нема војна меѓу нас. Имаме добри односи со управата, истакна Рајола.

- Advertisements -

Германскиот клуб ја процени трансфер вредноста на Халанд на 180 милиони долари.

Претходно стана познато дека Рајола, заедно со таткото на Халанд, одлетаа во Шпанија и Англија за да преговараат за трансфер на норвешкиот фудбалер.

Оваа сезона, 20-годишниот напаѓач одигра 23 натпревари во Бундеслигата, постигна 21 гол и направи пет асистенции.

Поврзани новости