616
Сепаратистите од Доњецката Народна Република денес го подигна знамето на оваа самопрогласена и непризнаена држава на една од административните згради во украинскиот град Бахмут.
Денис Пушилин, главен на сепаратистите од Доњецката Народна Република објави видео на кое се гледаат разурнати делови од украинскиот град, каде со мецеси се водат борби.
„Руското знаме веќе беше подигнато над Бахмут порано. Денеска отидов во ослободениот град да го кренам знамето на Народната Република Доњецк и уште еднаш да ја прегледам населбата за да ги разберам приоритетните мерки. Им благодарам на руските сили за извршување на најтешката борбена мисија и ги повикувам да продолжат – до победата.“, напиша Пушилин на Телеграм.