Светски познатиот диџеј Авичи пронајден мртов

by fokus

Шведскиот диџеј, 28-годишниот Тим Берглинг, познат како Авичи бил пронајден мртов во Оман, објави неговиот менаџер.

-Фамилијата е скршена и ги замолуваме сите да го почитуваат нивното право на приватност во овие тешки времиња. Повеќе изјави нема да бидат дадени, рече менаџерот.

Нема повеќе информации за тоа како настапила смртта кај младиот диџеј.

Поврзани новости