482
Кога институциите на високото образование стануваат предмет на контрола на државата, критичкото размислување е заложник на диктатот на оние на власт, пишува во писмото до Владата кое го потпишаа осумдесетмина научници и професори од Соединетите Американски Држави, Обединетото кралство, Германија и Бугарија, во знак на поддршка на професорите и студентите кои се спротивставуваат на ваквите реформи.
„Предложените измени и дополнувања на Законот за високото образование, во прилог на други неодамнешни активности од страна на Министерството за образование и наука, не само што ја поткопуваат автономијата на универзитетите, туку и ја елиминираат“, стои во дописот.
Академците, поздравувајќи ги активностите на студентскиот пленум, наведуваат дека македонското високо образование, неговата содржина и оценките, ако се донесат овие измени, ќе биде предмет на желбите на оние кои го контролираат – македонскиот политички апарат на највисоко ниво.