Професорскиот и студентскиот пленум утре организираат отворено заседание пред парламентот

by Фокус

Утре, со почеток од 11 часот, професорскиот и студентскиот пленум ќе организираат отворено заседание пред собранието, како една од формите на граѓански отпор против донесувањето на новите измени на Законот за високо образование.

Тие предвидуваат полагање на државен испит на средина и на крајот на студиите, а за професорите се предвидуваат парични казни до 30.000 евра, додека за деканите затвор, доколку универзитетот им издаде диплома на студентите без положен државен испит.

„На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање на претстојните масовни демонстрации на незадоволство и револт како и начинот на организиран отпор кон предложените штетни измени во образованието“, стои во нивниот повик.

Поврзани новости