Светска банка: Сивата економија е најголем проблем за македонските компании

by Фокус

Нелојалната конкуренција од сивата економија, пристапот до финансии и ограничените опции за снабдување со струја се најголемите проблеми со кои се соочуваат македонските компании, стои во последниот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светска банка во кој се анализираат условите за водење бизнис во источна Европа и средна Азија.

-Пристапноста до финансии отсекогаш била една од првите пречки за македонски фирми. Во финансирање на обртни и основни средства, тие силно се потпираат на внатрешни фондови и задржана добивка . За разлика од големите претпријатија, малите и средните претпријатија имаат релативно ограничен пристап до финансии, пишува во извештајот на Светска банка и ЕБОР.

Анализата е направена со анкетирање на водечките менаџери на 15.500 компании од источна Европа и Азија.

Поврзани новости