Светска банка направила одредени корекции на техничката документација за модуларните болници којашто ја правеле наши експерти, откри обвинителката, Вилма Русковска. Сега обвинителството ќе проверува дали модуларните болници се направени во согласност со таа техничка документација.
-Тоа се документи од набавката и колку што имам првични информации од наши експерти ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле одредени корекции на таа техничка документација и им испративме на колегите за да можат експертите да проверат дали модуларните болници се набавени и направени во согласност со таа техничка документација, која е одобрена од страна на Светската банка, појасни шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја зеде документацијата од Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика и сега ќе се проверува дали се испочитувани процедурите за изградба на болницата.