Светот на атлетиката во тага, почина 32-годишна спринтерка

by Fokus

Поранешната светска шампионка на 100 метри – Тори Боуви почина на 32-годишна возраст, објавија нејзините менаџери.

„Ние сме уништени што ја споделуваме тажната вест дека Тори Боуви почина“, објави Icon Management на Твитер.

„Изгубивме клиент, драг пријател, ќерка и сестра. Тори беше шампион…светилник што блескаше толку силно! Навистина сме со скршено срце и нашите молитви се со семејството и пријателите“.

Засега не се познати причините за смртта.

Боуви освои три олимписки медали во 2016 година во Рио со злато во штафетата 4х100 метри, сребро на 100 метри зад Елејн Томпсон-Хера од Јамајка и бронза на 200 метри.

Таа потоа стана светска шампионка на 100 метри во 2017 година во Лондон, каде што победи и во штафетата 4х100 метри.

Поврзани новости