827
Жител на светиниколското село Горно Црнилиште во Полициската станица Свети Николе вчера пријавил дека покрај чешмата во селото неговиот сосед И.Т. со два истрела од воздушна пушка му нанел повреди на неговото куче.
-К.С.(29) од светиниколското село Горно Црнилиште вчера во Полициската станица Свети Николе пријавил дека околу 07.40 часот покрај чешмата во селото неговиот сосед И.Т. со два истрела од воздушна пушка му нанел повреди на неговото куче, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото, а по комплетирање на случајот против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.