411
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 42-годишниот С.Б. од село Врањовце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“.
Според полицијата, пријавениот вчера во село Врањовце, во дворното место во куќата на С.Ш.(38), снаа на пријавениот, откако на децата коишто играле во дворот, им се обратил на висок тон, со дрвената рачка од мотиката, што ја носел со себе, го удрил синот на С.Ш., а потоа ја удрил и неа, во пределот на левата рака и појасот, при што и нанел тешка телесна повреда.