Сведоци за „Софтвери“: Со Владата имавме уште една соработка!

by Fokus

Двајца сведоци, директор и вработен во „Дигитал Медиа лаб“, денеска сведочеа на судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски

Сведокот Александар Пејчиновски, директор на „Дигитал Медиа лаб“, рече дека софтверот го набавил од факултетот ФИНКИ, а хардверската опрема од ГВЦ системи.

Прашан кој ја креираше понудата за оваа јавна набавка, тој одговори дека не може да даде одговор.

– За тоа не можам да ви дадам одговор бидејќи не го водев тој случај, тој дел го водеше колешката Дуца Зврлевска, рече тој.

Сведокот Костадин Ѓурчилов, вработен во „Дигитал Медиа лаб“, кажа дека со Владата имале уште една соработка.

– Со Владата имавме уште една соработка, кога учествувавме на тендер за изработка на Систем за биометриска идентификација, рече тој.

На подробни прашања од одбраната во врска со презентациите на софтверот, Ѓурчилов рече дека тоа во нивното работење било 0,2 отсто.

– Процентуално ова во нашето работење е 0,2 посто, така што не сум имал внимание во тоа како се одвивало. Не сум посветил толкаво внимание на деталите, рече тој.

Двајцата сведоци одговарајќи на прашања од обвинителството и одбраната зборуваа за процесот на склучување на договорите за реализацијата на обврските за набавка на софтверот.

Поврзани новости