Сведоштво од Кочани: Преку Фејсбук организирав луѓе да помогнат, државата потфрли!

by Fokus

Населението од кочанскиот регион не е задоволно од тоа како државата излезе во пресрет при гаснењето на пожарот, кој беше сериозна закана и за најголем дел од куќите во Кочани.

Николчо Гоцев од овој град, во изјава за „Фокус“, говореше за тоа како ја преживеале изминатата ноќ, борејќи се со пламените јазици.

„Јас организирав 300-400 луѓе преку Фејсбук да дојдат на помош да се справиме со пожарот. Ова е втор пожар во Кочани за десетина дена, а луѓето доаѓаа со голи раце. Државата потфрли и немаше никаква организација за оваа катастрофа. Прва пристигна помошта од Штип, Велес и Виница, а потоа и од остатокот од Македонија. Војската дојде во 12 на полноќ. Луѓето што дојдоа, само стоеја и не знаеја каде да одат и што да прават. За среќа, претпладнево пожарот е целосно изгаснат, но ситуацијата се уште се следи. Најжални се сликите од изгорените животни, тоа е катастрофална штета за сточарите“, истакна Гоцев.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости