Ертракторите за гасење пожари не биле сервисирани ни лани ни оваа година

by Fokus

Трите ертрактори или специјалните летала за гасење пожари не се сервисирани ни лани ни оваа година. Утре очекуваме да се сретнеме со операторите, а до петок да постигнеме договор со некој од нив, за да се изврши сервисот, изјави за НоваТВ, директорот на Дирекцијата за спасување, Беким Максути.

Тој додаде дека причината за ваквата забавеност се должи на тоа што некои од нив повеќекратно ја зголемиле цената за услугата дури за 40% па истата стигнала до околу милион евра за трите ертрактори. Сето ова како и жалбената постапка но и организирањето на јавната набавка, го одолговлечија процесот, вели Максути.

Поврзани новости