Сведоштво на братот на возачот кој го прегази Алмир

by fokus
Со реакција преку својот Фејсбук профил се јави братот на возачот на „Мерцедесот“, осомничен за убиство на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.
Според статусот, Бојан Илиќ тврди дека тие немале намера да удрат во семејството Алиу, и дека бегале од група Албанци кои ги бркале со ножеви, палки.
Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус.
“Јас сум братот на возачот, оној што го вадат од возилото на снимкава. Не нападнаа за глупости… Влеговме во кола ни дотрчаа 3-4 албанци ни ја скршија шофершајбната со боксачи ( веднаш повикавме полиција) ние побегнавме но завршивме во слепа улица. Продолжија да не бркаат околу 20 албанци со ножеви, боксачи и слично. Брат ми за да ги избегне удри во ѕид, за жал тука било дете ние неможевме да видиме ништо зошто ни е скршена шофершајбната и бевме испаничени, јас не знам каков човек напаѓа луѓе со цел да ги тепа/убие пред сопственото дете за банална расправија поради ред во болница и со тоа го доведува во опасност… “, сведочи на Фејсбук, братот на Бобан.

 

Поврзани новости