Хајндл во посета на Скопје, се очекува притисок за излез од политичката криза

by fokus

Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл кој денеска пристигнува во Скопје., во текот на утрешниот ден се очекува да се сретне со потписниците на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница.

Предвидени се и разговори со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи Никола Попоски и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Според најавата од германската амбасада во Скопје, Хајндл утре би требало да даде и изјава за медиумите.

За неколку дена е најавена и посетата на американската дипломатка Викторија Нуланд по што се очекува засилен притисок за излез од политичката криза.

Опозициската СДСМ очекува зголемување на притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ за решавање на политичката криза.  И од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат посетата на странските дипломати да придонесе за надминување на политичката криза.

Поврзани новости