473
Откако МВР ќе ме опремеше со опремата за снимање, на средбите јас го натерував градоначалникот да го каже тоа, рече бизнисменот Иван Николов одговарајќи на прашањето на Судечки совет, дали директно му бил баран поткуп или тој самиот го нудел на Зоран Заев.
Одбраната на Заев тврди дека сведокот бил користен како агент провокатор, нешто за што немало наредба од обвинител.
Николов на денешното судско рочиште даваше конфузни изјави за неговите средби со Заев и со обвинителот.