Грабеж во ТТК Банка, вперил пиштол во вработените и побарал да му го наполнат ранецот

by fokus

Во експозитура на „ТТК Банка“ на ул. „Пролетерски Бригади“ во Струга вчера се случил филмски грабеж откако непознат сторител вперил пиштол во вработените.

Според полицијата крадецот им се заканил со живот на вработените пред да одзеде околу 220.000 денари. Меѓу украдените пари биле 1600 евра, 500 швајцарски франци и 100.000 денари.

„Сторителот влегол во банката, го вперил пиштолот кон една од вработените барајќи и пари, а воедно и фрлило ранец. Вработената во ранецот ги ставила парите, по што лицето побегнало во непознат правец“, велат од МВР.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости