Сведок: Зврлевски ќе даде оставка за да се скраси како заменик републички обвинител

by Fokus

Јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе си поднесе оставка за да може Советот на јавни обвинители да го именува за заменик републички јавен обвинител, функција која е трајна и не подлежи на мандат и реизбор, дознава Сведок од извори во Советот на јавни обвинители.

Тоа, според планот направен помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ треба да се случи неделава, за да се избегне формирање Влада, која според сите најави, прво ќе бара разрешување на директорот на БЈБ во МВР Митко Чафков и на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Поврзани новости