484
На денешното судење за набавката на мерцедесот од 580.000 евра, сведочеа осуммина вработени во МВР, кои биле задолжени за безбедноста на Никола Груевки, во времето додека беше премиер.
Сите сведоци беа едногласни дека стариот блиндиран мерцедес бил во лоша состојба, а и резервното возило било несоодветно, од причина што не било фабрички блиндирано.
– Најголем проблем имавме со угорниците, бидејки креваше температура. Исто така, имавме проблем и со гумите, зашто ни носеа обични, рече сведокот Сашо Серафимовски, додавајќи дека по речиси секое патување возилото го носеле на сервис.
В.В.