Иако не го возел автобусот на „Дурмотурс“ кога се случи несреќата кај Ласкарци, возачот во оваа фирма Филип Наумовски неколку часа одговараше на прашањата на обвинителот и адвокатите на обвинетите во судница.
Адвокатите ја искористија секоја можност за да извлечат од сведокот се што би им било од корист. Тие го спореа неговиот одговор што го дал во истрага и сега во судот, што му кажал неговиот колега, возач на автобусот којшто се преврте Маноил Трифуновски, кого го видел веднаш по несреќата, дали му рекол „Не знам на ништо не се сеќавам“, или „Не знам што се случи“. Исцрпен од одговарањето на овие несуштински прашања, Наумовски одговори:
-Двајцата бевме збунети, немавме памет во во глава. Јас по несреќата бев во психички тешка состојба. За еден месец ослабнав дваесет килорами“, рече Наумовски.
Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември.
На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше дека тој нема лиценца за вешто лице.
Судечкиот совет по советување, рече дека за судот наредбата за изработка на вешт наод и мислење неспорно е испратена до ФЕИТ и изработениот вешт наод и мислење е од оваа институција, но дека Судот ќе побара мислење дали институцијата има два вештаци со лиценца.
– Судот писмено ќе се обрати до институцијата и по добиениот одговор ќе утврди дали овој вешт наод може да се изведе и застапува од овој професор, изјави судијката Диана Груевска Илиевска.
Осум години се лажирала брзината на кобниот автобус од Ласкарци
За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.
Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.