Сведок од крвавиот четврток: Имам шест снимки од нападот на пратениците

by Fokus

Во моментот во Кривичниот суд, каде што им се суди на обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села сведочи очевидец на крвавиот четврток, односно граѓанин, кој заедно со насобраната толпа на 27 април влезе во Собранието.

Сведокот рече дека во 19 и 27 часот влегол со лична карта, која му ја покажал на еден од полицајците. Според неговото сведочење, полицаецот со гестакулација му покажал дека сите влегле, па можел и тој.

„Заедно со масата луѓе влегов и бев пред салата каде што се случи инцидентот. По еде момент се слушна истрел по што заедно со толпата влегов во салата и почнав да снимам. Внатре беше хаос. Во десниот агол на крајот на салата беа пратениците од СДСМ и обезбедување, а толпа народ фрлаше кон нив со стативи и столови. Таму го забележав и Села“ – рече сведокот.

Тој појасни дека го снимил целиот настан, но во одредени моменти прекинувал бидејќи му ѕвонела сопругата и мајката. Направил, како што рече пет-шест снимки и четири фотографии, кои подоцна ги однел во полициска станица.

В.В.

Поврзани новости