526
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информирал дека учесниците во синоќешниот инцидент и пукање во кафулето „Бон вивант“ во Приштина претходно имале над десетици кривични дела.
Свечља на Фејсбук соопштил дека се пуштени на слобода, бидејќи, како што навел, „затаила правдата“.
Страните вклучени во судирот имаат десетици претходни кривични дела. Кога правдата ќе затаи, слични ситуации се неизбежни! Правдата е работа на полицијата, обвинителите и судиите.
Правдата е комплетен систем кога сите институции ги извршуваат своите функции“, навел Свечља.