Ангелов: Четири активни пожари на територијата на Македонија

by Fokus

Центарот за управување со кризи е подготвен за невремето кое се најавува. Но, во меѓувреме се бори со 4 нови сериозни пожари кои избувнаа попладнево.

Силен пожар изби во близина на Дојран. Постои опасност од негово брзо ширење поради ветрот, активирани се и два полициски хеликоптери.

Гори и кај Демир Хисар каде постои опасност од огнот да биде зафатена и квалитетна шума. Дирекцијата за заштита и спасување на овој терен делува и со авион.

Пожар има и кај село Крапа. За тоа што точно се случува, да слушнеме од првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Поврзани новости