Свечена академија во Собранието по повод 550-годишнината од смртта на Скендербег

by fokus

Во Собранието денеска со свечена академија ќе биде одбележана 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег. Свечената академија ќе биде одржана во Големата купола во Собранието.

Свои обраќања ќе имаат претседателот на Собранието, Талат Џафери, директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците, Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓеорѓиев и Владо Поповски, историчар и член на Одборот за одбележување на 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

Во рамките на свеченоста ќе биде промовирана и поштенска марка со ликот на Скендербег, а по тој повод ќе се обрати и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Македонска пошта“, Фаадис Реџепи.

Поврзани новости