Сузана Спасовска наместо кај Груевски на митинзи, ќе пее во Кина

by Fokus
Фолк ѕвездата Сузана Спасовска денес заминува во Пекинг, НР Кина и не е повеќе дел од пејачите кои настапуваат на митинзите на ВМРО ДПМНЕ. Пејачката која долги години наназад беше еден вид на заштитно лице на ВМРО ДПМНЕ и го следеше Никола Груевски во предизборните кампањи, а неретко ја имаше и честа да ја отпее химната на Македонија пред почетокот на митинзите, овојпат наместо на митинзи, ќе пее во Кина.

Веста дека оди во Кина таа ја споделила на својот Фејсбук профил, каде во изминатиот период често споделува и други настани поврзани со нејзината кариера. Така, на пример, пред неколку дена, за време на одржувањето на митинзите на ВМРО ДПМНЕ во Неготино и Кавадарци, Сузе Национале се пофали дека пее на прославата по повод роденденот на НР Кина.

На роденденската прослава, таа ја имала честа да ги отпее химните на двете земји, додека на митинзите на Груевски настапија Миле Кузмановски и Блага Петреска. Таа и во минатото, во Амбасадата на Република Кина во Скопје на свеченостите по повод одбележувањето на националниот ден – Први Октомври, ги пееше химните на Македонија и Кина.

Пред неколку месеци Спасовска во ТВ гостување истакна дека се подготвува за својата турнеја во Кина, и интензивно ги изучувала песните кои ќе ги пее за тамошната публика. Нејзината посета на Кина е на покана на кинескиот амбасадор во Македонија, Зеншун Вен, но пејачката не беше достапна на мобилниот да даде повеќе информации за гостувањето, како и за тоа дали жали што не е повеќе дел од предизборните кампањи на Груевски.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости