Сузана Николовска е новата директорка на Клиниката за кожни болести

by Fokus

Сузана Николовска е новата директорка на скопската Клиника за Кожни болести откако пред неколку денови беше разрешена старата директорка Нина Цаца Биљановска, која една недела криела дека има симптоми на корона вирусот и нормално си одела на работа.

Таа во моментот е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и нејзината состојба е стабилна.

Биљановска била на скијање во Италија и откако се вратила веднаш почнала со работа, а во саботата, ден пред да заврши на Инфективната клиника држела предавање на 103 лекари на симпозиум во скопскиот ресторан „Рагуза“.

За време на викендот поминуваат тие 14 дена инкубација, кога ќе се знае дали некој од тие 200 луѓе кои биле во контакт со директорката се позитивни на корона вирусот.

И.М.

Поврзани новости