Филипче: Кафулињата ќе работат до 18 часот, не сакаме да дојдеме до ситуација на воведување на полициски час!

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска излезе со нови мерки со цел да се сопре бројот на заболени од корона вирусот во Македонија.

Како што информираше тој, кафулињата, спортските обложувалници и казината ќе работат со скратено работно време.

„Капацитетот на кафулињата, спортските обложувалници и казината ќе биде преполовен и ќе се работи со скратено работно време. Ние разговаравме со колеги од Италија, кои ни порачаа дека со воведување на радикални мерки е запрено ширењето на вирусот“, истакна Филипче.

Доколку се утврди неправилност во цените во аптеките, ќе има санкции, порача министерот.

„Не е прифатливо цената на маските да се зголемува за 20 или 30 пати. Ќе бидеме внимателни и ќе се направи добра анализа. Од друга страна, не беше целта кафулињата да бидат полни со воведување на овие мерки. Во Италија е воведен полициски час, не сакаме до таму да дојдеме. Не сакаме да ни се случи Италија“, порача Филипче.

Поврзани новости