469
Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, денеска во Њујорк изјави дека Русија треба да биде суспендирана од членството во Советот за безбедност на ОН.
-Кога држава со статус постојана членка на Советот за безбедност ќе почне неиспровоцирана и неправедна војна, војна што е осудена од Генералното собрание, по автоматизам треба да биде суспендирана од Советот за безбедност – рече Мишел.
Тој посочи дека правото на вето во рамки на Советот за безбедност треба да биде исклучок, а не правило, како што се практикувало во последно време.
Постојано членство во Советот за безбедност на ОН имаат Кина, САД, Франција, Велика Британија и Русија, со право на вето на резолуциите.