Ќе се откријат непознати детали за Ражанатовиќ во „Цеца шоу“, продукцијата очекува огромна гледаност!

by Fokus

Во соседна Србија наголемо се зборува за новото реално шоу насловено ,,Цеца шоу” кое во октомври ќе започне да се прикажува на ТВ Блиц.

Се работи за 40 епизоди на играно-документарна програма, базирана на вистински приказни од животот на турбо фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, како и членовите на нејзиното семејство.

Како што појаснуваат од продукцијата, за прв пат за Цеца и фамилијата Ражанатовиќ ќе бидат откриени детали за кои јавноста досега не слушнала.

-Семејни ситуации, разговори помеѓу Цеца и сестра и Лидија, домот во Белград, како и вилата на Кипар, случки на Анастасија и Вељко, сето тоа е забележано со камерите. Ова е прва сезона на шоуто, и станува збор за високобуџетен проект. Се снимаше во повеќе земји во Европа, а снимањето се одвиваше неколку месеци-информираат.

 

Цеца која е присутна на сцената повеќе од три децении, секогаш била интересна за јавноста, посебно кога се работи за приватниот живот.
Во светот веќе со децении е пракса да се снимаат реални шоу програми за познати јавни личности. Ози Озборн, Ким Кардашијан, Хју Хефнер, Доналд Трамп и многу други уште пред многу години ја анимираа јавноста со свои реални шоуа, кои на главните протагонисти им донесоа огромни заработувачки.

Вики Клинчарова

Поврзани новости