1.3K
Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши изјави дека Центарот за управување со кризи е во состојба на готовност, бидејќи се очекува поларен студ да ја зафати земјата, јави дописничката на МИА од Тирана.
Метеоролозите најавија дека во наредните денови во Албанија температурите може да паднат и до -18 степени целзиусови пред сè во северниот и североисточнот дел, а минусни температури ќе има и на целата територија на земјата, какви што биле забележани во 1990 година.
Живата во термометарот во Тирана се очекува да се спушти до – 8 степени целзиусови, блиску до нула во крајбрежните области, како Драч, додека во Валона се очекуваат температури до -1 степен целзиусов. Најниски температурите се очекуваат во понеделник.