Три години затвор за возачот од сообраќајката со Шаулиќ: Во црно не зави, а не покажа каење!

by fokus

После три години ние не видовме ниту ронка каење кај човекот кој одзеде два животи и зави во црно две семејства. Очекувавме да видиме трошка човечност кај него, но тоа не се случи – изјави Гордана, сопруга на починатиот фолк пејач Шабан Шаулиќ по вчерашното судење на Алсин Левент во Германија.

Левент е осуден на три години и три месеци затвор, поради предизвикување на сообраќајна несреќа, која се случи на 17-ти февруари 2019 година, а во која животот го загубија Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ.

Трагедијата се случи во Германија, кога музичарите се враќале од настап.

Според сопругата на Шабан, семејствата на загинатите не очекувале долготраен затвор, бидејќи германските закони според околностите во кои се случило делото предвидувале казна од најмногу до пет години затвор. Она кое ги разочарало семејствата било однесувањето на обвинетиот, кој за време на судењето седел со качулка на главата и постојано гледал во тефтерот кој го држел во раце. Не се осмелил ниту еднаш да ги погледне блиските на починатите.

-Судијата и обвинителот професионално си ја завршија работата и сме им благодарни. Благодарни сме на сите кои сочувствуваа со нас, Шабан нема да биде заборавен.

Уште од почетокот знаевме дека германските закони не предвидуваат долгорочна казна, тажни сме, не поради висината на казната, туку поради тоа што тој човек не се кае за стореното – порача Гордана.

Таа присуствуваше на судењето заедно со децата Михајло и Санела, и синот на починатиот клавијатурист Кериќ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости