Сугаревски: Груевски знаел за проблемите со новите патишта, но не ја информирал јавноста

by fokus

Недостатоците на автопатските делници и проблемите со кои се соочуваме не можат да се решат од денеска за утре. За сите тие проблеми знаела претходната Влада, но не ја информирала јавноста, вели во интервју за Прес 24, Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

„Јас тврдам дека и Никола Груевски шетајќи се по автопатот Кичево – Охрид точно знаеше за какви проблеми станува збор ама не сакаше да и каже на јавноста. Не е можно да не знаел дека има проблем. И да не ја лажеме јавноста дека треба да само да се продолжи со работа и дека проблемите ќе се решат. Не, ова не може да се реши за еден ден“, вели Сугарески во интервјуто.

Новиот министер за транспорт и врски вели дека владата на СДСМ ќе продолжи со изградба на патишта и дека ќе ги заврши сите почнати проекти за патиштата и на локално и регионално ниво.

Поврзани новости