-Без идеи и без резултати зад себе ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно да краде проекти од СДСМ. Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден поднесе закон по скратена постапка којшто во целост е препишан и украден од предложениот закон за ДДВ на СДСМ и коалициските партнери, рече Горан Сугарески од СДСМ на денешната пресконференција.
Тој објасни дека се работи за законот за ДДВ којшто бил поднесен од СДСМ и коалицијата на 18.11.2015 год. со којшто барале средствата што се донираат преку специјален телефон за донации од операторите, да не подлежат на наплата на ДДВ од 18%.
-Недостатокот на идеи и поразителните резултати на погубните политики очигледно ги натераа Груевски и ВМРО ДПМНЕ лицемерно и грубо ги крадат предложените законски решенија на СДСМ како што се законот за минимална плата, законот за енергетска сиромаштија, законот за правата на професионалните војници, проектот за бесплатен превоз на студентите, дополни Сугарески.