Орав: За ДИК мора итен договор

by Фокус

Евроамбасадорот Аиво Ориав истакна дека приоритет за политичките партии во Република Македонија треба да биде договорот за ДИК, но потоа треба да се разговара и за прашањето за регулирање на медиумите.

“Ние ова прашање го следиме со загриженост  бидејќи  и следниот мандат на договорот не се исполни и трите неависни експерти сеуште не се избрани. Шест членови од партиите беа важни, додека три експерти кои мора да бидат независни и треба да имаат искуство во оваа област, се уште не се избрани. Морам да ве потсетам дека нема повеќе време. Работните групи ги продолжуваат разговорите денес и јас ги охрабрувам денес да се заклучи ова прашање “, рече евроамбасадорот Орав.

Поврзани новости