388
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на 23 јануари годинава ќе сведочи во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство каде обвинители за Никола Груевски, Миле Јанакиески и Владимир Пешевски.
-Да. На 23 јануари сум повикан во Специјалното јавно обвинтелство како претставник на државата во предметот „Траекторија“, рече Сугарески, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот.
Случајот „Траекторија“ се однесува на злоупотреби поврзани со изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.