Сугарески: Нов анекс и пари за кинеската компанија за автопатот Кичево-Охрид

by Fokus

Со кинеската компанија Синохидро во моментов се водат финалните преговори за интензивно да продолжи изградбата на автопатот Кичево – Охрид, најави вечерва министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во интервју за Канал 5.

– Очекувам до крајот на месецов да поднесеме до Владата и до Собранието нов анекс на договор со кој ќе се ослободат 230 милиони евра и на тој начин ќе се интензивира градбата. Со самото ослободување на средствата кои ќе можеме да ги алоцираме по различни ставки, ќе може да продолжи изградбата и да се платат компаниите кои работат на изградбата на автопатот – истакна Сугарески.

 

Поврзани новости