ФОТО Министерот Николовски објави фотографии од страшната сообраќајка на неговиот советник

by Fokus

По информациите во јавноста дека вработен во кабинетот на министерот за земјоделство Љупчо Николовски на 9-ти јули доживеал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Виница-Берово, управуваќи службено возило „Дачија Дастер“, првиот човек во земјоделството се огласи на својот личен фејсбук профил каде објави и фотографии од страшната сообраќајка. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Ова се слики од несреќата во која што пред еден месец се најде мојот колега – советник Никица Бачовски. Случај за кој веднаш е направен увид и истиот ден објавен во билтен на МВР( http://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/1182).

Со архивирано овластување и задолжување со предметното каско осигурано службено возило како и целосна документација, во време на работни задачи и средби, доживеа тешка сообраќајна несреќа после која беше лекуван на КАРИЛ и во неколку клиники, а беше и е подложен на повеќе различни операции и на лекување кое уште трае.

Точно, има само 26 години ама важи за еден од најпосветените и е исклучително интелигентен, амбициозен, спремен, пожртвуван и полн со енергија и квалификации млад човек.

За знаењето и капацитетот што го има и го вложува за добро на сите граѓани треба да се праша секој оној кој што работи со него.

Јас сум горд што Никица е дел од мојот #тим и што прифати да работи во и за #Македонија.

Но, длабоко сум згрозен и разочаран што оваа човечка судбина и битка за еден живот најсрамно и без тронка разум некои се обидуваат да ја искористат за дневни поени.

Единаесет години најсофистицирано покажаа како се пљачка државата и судбината на генерации.

Истите тие, носат огромен товар на криминал, злоупотреби и уништување на вредностите од невидени размери.

Наместо да се променат, да се реформираат и да понудат иднина на граѓаните, денес го покажаа своето дно.

Никица, да си жив и здрав а овие слики кажуваат едно – има Господ за сите нас!

Поврзани новости