Владините кампањи од 38 милиони евра имале едукативна и информативна функција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 17:41
17:41

Се е по закон и нема ништо незаконски, сите средства до последниот денар се распределени по прецизна методологија и доделени низ транспарентен процес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на која тој кажа дека кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски потрошил 38 милиони евра на рекламни кампањи и пропаганда.

Од партијата велат дека „очигледна е потребата за евтин сензационализам, страв од пораз и дефокусирање на јавноста и затоа е избран овој период.“

- Advertising -
"

„Јавните кампањи на владата имаа едукативна и информативна функција, а епилогот од кампањите донесоа видливи резултати 100 нови странски инвестиции, подобрен имиџ на државата, дуплиран број на туристи, зголемен број на патници“, се вели во соопштението.

Поврзани новости