Пристрасните медиуми, тенката граница меѓу државата и партијата и потребата за конструктивен придонес на сите политички партии се само дел од темите кои Генералниот директор на Европската комисија за проширување Кристиjан Даниелсон ги отворил на средбите со релевантните политички претставници во земјава, како и со дел невладини организации.
На сите состаноци Даниелсон ја отворил темата поврзана со реформите што ги бара Европската унија, како што се судството и слободата на медиумите, се вели во соопштението од Европската комисија за проширување.
Даниелсон престојуваше во земјава вчера и денеска. Тој се сретна со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА. Тој се сретна и со претставници на медиумските организации во земјава.