405
Судскиот процес „Пуч“ кој се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, брачниот пар Верушевски, како и порaнешен вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски, вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен, во општина Струмица е одложен за 3 мај по барање на специјалната јавна обвинителка.
Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска побара на следното рочиштето да биде присутен и оштетениот кој е и сведок, при тоа мислејќи на Никола Груевски.