Судскиот совет одлучи дека судијката Добрила Кацарска постапувала стручно и совесно во случајот Тенк против ексминистерката Гордана Јанкулоска, дознава Телма.
Јанкулоска поднесе претставка и бараше да биде разрешена судијката која ја осуди на 6 години а подоцна Апелација и ја намали казната на 4 години. Претседателот на судскиот совет само потврди дека ги запреле постапкте што се водеа против двајца судии но не сакаше да ги открие нивните имиња бидејки биле тајни
Но јавноста беше присутна кога судскиот совет ги сослушуваше аргументите на судијката и на ексминистерката која во судскиот совет беше застапувана од нејзиниот сопруг кој е и адвокат Влатко Илиевски. Тој рече дека Кацарска била пристрасна и ја дискриминирала Јакнуловска по пол и политичка ориентација. Додека била трудна во судница и биле прекршени правата како жена и мајка правата и била несоодветно третирана со интензитетот и траењето на судењата.