Црна Гора го одби „Малиот Шенген“, бил губење време

by fokus 19:16
19:16

Црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ ја отфрли можноста Црна Гора да се придружи на „Малиот Шенген“.

Секулиќ рече дека Црна Гора веќе ги отворила границите и ги елиминирала трговските бариери со соседите, па така тоа би било губење време.

-Факт е дека ние првпат се сретнавме со текстот, како што тие го нарекоа, „акциски план за забрзување на слободниот проток на стока, луѓе, услуги и капитал“, во Охрид на состанокот. Во тој документ нема ништо ново што ние досега веќе не сме го имале во различни декларации и договори. Црна Гора како членка на ЦЕФТА нема отворени прашања со ниту една земја во регионот, особено не со земјите кои се иницијатори на оваа иницијатива, што не е случај со нив меѓусебно. Така да потполно е јасно дека Црна Гора веќе ги отвори своите граници, рече Секулиќ.

- Advertising -

Поврзани новости